Експертите пресметаа: Санчез го „ограби“ Манчестер јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алексис Санчез денеска и официјално потпиша нов договор со Интер, па така тренерот Оле Гунар Солшер се ослободи од неговите услуги.

Санчез во Јунајтед пристигна во 2018 година како големо засилување, но на теренот беше целосно разочарување.

Чилеанецот одигра 45 меча за „ѓаволите“ и постигна само пет гола, па беше јасно дека Јунајтед направил голема грешка при неговиот ангажман.

Неверојатно звучи податокот колку Санчез заработувал при секој допир со топката како фудбалер на Јунајтед.

Експертите пресметаа дека Јунајтед на Санчез му плаќал по 32.000 евра за секој допир со топката на теренот, што е неверојатен податок, па не чуди тоа што Солшер сакаше што е можно побрзо да се ослободи од неговите услуги.