Експресно стигна замена за Стонс на Гудисон, можеби дури и подобра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон експресно пронајде замена за стоперот Џон Стонс кој за околу 50 милиони фунти премина во Манчестер Сити.

Денеска го доведоа Ешли Вилијамс кој е многу поевтин, а може да биде можеби дури подобар од Џон Стонс кој вчера го комплетираше трансферот во Сити. Но, единствена работа која повеќе оди во прилог на Стонс е што е многу помлад, но и Ешли Вилијамс може да помогне брем уште пет години со квалитетни игри во дефанзивата.

Се работи за капитенот на Велс, но и на Свонси Сити до неодмана, но после понудата од 12 милиони фунти премина на Гудисон.

Во Свонси одигра дури 352 пати и го стекна статусот на неуништлив играч, па прашање е како Свонси ќе ја надокнаде оваа загуба.

Потпиша  три годишен договор со Карамелите.