„Ел Чирингито“: Мбапе се договори со Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се договори за преселба во Реал Мадрид, а оваа информација ја пренесе шпанскиот новинар Хозе Педрерол.

Долго време се шпекулира дека Мбапе ќе се пресели во Реал затоа што сака да тргне по патот на неговиот идол Кристијано Роналдо, а претседателот Флорентино Перез трпеливо работи на ангажирање на напаѓачот.

Тоа би бил напаѓач кој во следните 10 години би можел да ги уништува противничките голмани, а Реал исто така сака да создаде тандем кој би можел да игра во континуитет на високо ниво.

Минатото лето ПСЖ одби 160 милиони евра за Французинот, а парижаните наводно бараа 200 милиони евра. Сепак, Реал почека шест месеци и ја искористил ситуацијата да го донесе фудбалерот бесплатно.