„Ел Чирингито“: Реал Мадрид планира само еден трансфер летово вреден 150 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот шпански новинар Хозеп Педрелол, кој ја води популарната емисија „Ел Чирингито“ тврди дека Реал Мадрид до почетокот на новата сезона ќе купи само еден фудбалер.

Медиумот објави дека „кралевите“ ќе потрошат 150 милиони евра за ангажирање на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.

Претседателот Флорентино Перез планира да направи силна екипа, но ова лето не планира да купува многу засилувања, туку само едно кое треба да ги врати на врвот со неговите голови.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година и уште не го продолжил, па од јануари ќе може да преговара за слободен трансфер, но Реал нема трпение и сака да потпише со него уште летово.

Се шпекулира дека понуда од 150 милиони евра би требала да ги задоволи апетитите на францускиот гигант.