„Ел Класико“ ќе се игра во невообичаен термин!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пишува дека дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид на 24 октомври ќе се одигра во необичен термин.

Иако ноќните термини се резервирани за големите натпревари, сепак каталонскиот медиум пишува дека дуелот меѓу двата гиганти ќе се игра многу порано. Во игра се термините од 13 и 16 часот, за да може да се задоволат и гледачите од азискиот пазар.

И минатото „Ел Класико“ требаше да се игра од 13 часот, но поради нередите во Каталонија беше одиграно на 18 декември наместо на 26 октомври, и тоа во ноќен термин.

Во сезоната 2017/18 првото „Ел Класико“ се играше од 13 часот, додека второто на „Камп Ноу“ почна во 16.15 часот.