„Ел Класико“: Реал против традицијата и формата гостува во Барселона!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Продолжуваат возбудувањата во шпанската Ла Лига, а од 16 часот се игра најинтересното „Ел Класико“. Барселона го пречекува Реал Мадрид од 16 часот, но вистинска штета е тоа што поради пандемијата на вирусот нема да има навивачи на трибините.

Барселона летово доживеа неколку промени, односно нов тренер на тимот стана Роналд Куман, кој ќе се обиде да го однесе клубот до титулата.

Долго време се шпекулираше дека Лионел Меси ќе го напушти клубот, но сепак на крајот остана да се бори за трофејот со Барселона, иако тоа ќе биде навистина тешко.

Реал Мадрид тргна добро во шампионатот, но впечаток е дека „кралевите“ се наоѓаат во голема резултатска криза бидејќи загубија од Кадиз во Ла лига, а потоа доживеаа и пораз од Шахтјор Доњецк.

Не треба да се занемари и податокот дека Барселона уште од 2017 година не е поразена на домашен терен од Реал. Сепак, ниту едниот, ниту другиот тим не се најдобри, па останува да видиме кој ќе биде поуспешен денеска од 16.00 часот.