Ел Шарави ќе плаќа отштета зашто на крадец му скршил вилица и нога?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Рома, Стефан Ел Шарави мора да оди на суд затоа што претепал крадец, кој сакал да му го украде автомобилот.

Законот во Италија е еднаков за сите, без оглед на тоа со што се занимавате, а тоа го искуси и Ел Шарави.

Во февруари годинава Ел Шарави замина во посета кај свој пријател од репрезентацијата, Алесио Черчи да играат, а тоа сакал да го искористи крадецот.

Ел Шарави го фатил крадецот, го истепал, по што повикал полиција да го уапси, но сега разбојникот решил да го тужи фудбалерот на Рома за да му исплати отштета.

Сега фудбалерот најверојатно ќе мора да му исплати отштета за скршената вилица и нога поради кое носел гипс два месеци.