Ел Шарави на најдобар можен начин се претстави на кинеската публика: Два лоба за 20 минути (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тимот на Шангај славеше на гостувањето кај Далијан Јифанг со 3:2 во рамките на кинескиот куп, а јунак на гостинскиот тим беше Стефан Ел Шарави.

Италијанскиот напаѓач кој ова лето се пресели од Рома во Шангај со два спектакуларни лоба го матираше противничкиот голман.

Првиот гол падна во 22 минута, а вториот кој беше постигнат на сличен начин Ел Шарави го постигна во 42. минута. Интересно е тоа што во листата на стрелците се запиша и Марек Хамшик уште една ѕвезда која Серија А ја замени со кинесктата лига.