Елези погоди против Радник и го израдува Сараево (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сараево продолжува со одличните настапи во Премиер лигата на БиХ и ја забележа третата последователна победа, откако на домашен терен го совлада Радник Бијељина со 2-0 во рамки на 20. коло.

Македонскиот фудбалер Агон Елези го отвори резултатот со прецизен удар од казнениот простор, носејќи водство за домаќините уште во првиот дел. Конечните 2-0 ги постави Лука Менало со погодок во 85. минута, со што ги реши сите дилеми околу победникот.

Сараево e на третото место на табелата со 32 бодови, со заостанување од 11 поени зад водечките Зрињски и Борац Бања Лука.