Еликвим Мангала конечно си замина од Сити: Стоперот продолжува во Валенсија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Валенсија го комплетираше трансферот на Елиаквим Мангала кој доаѓа како слободен агент откако Сити му го раскина договорот.

28 годишниот играч од одбраната се врати во клубот од Ла Лига две години откако помина една година како позајмен фудбалер.

Мангала со клубот од „Местаља“ потпиша двегодишен договор кој ќе го задржи таму до 2021 година.

Последен настап на играчот за Манчестер Сити беше на Нова година во 2017 година. Потоа следеше позајмица во Евертон , каде по само два месеци ги скина лигаментите на коленото и од тогаш не заигра првотимски фудбал.