Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од првата минута за Наполи и веднаш постигна гол кој на крајот се покажа како клучен во победата против Аталанта од 2-1.
Аталанта имаше почеток каков што посакуваше, со гол во 19. минута преку Лукман од пенал, меѓутоа нивната радост не траеше долго затоа што Осимен погоди за 1-1, а набрзо и Елмас стрелаше за 2-1.
„Ова беше многу тежок период за мене. Му благодарам на Спалети за довербата. Во последно време добивав помалку минутажа, но подготвен сум кога и да ме повика тренерот“, кажа Елмас.
Наполи е прв на табелата со 35 бодови, по што следи Аталанта со 27, додека Милан има еден бод помалку.