Елмас: Далеку сум од Пандев, не можам да се споредувам со него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезенативец Елиф Елмас заедно со Наполи е на добар пат да го освои Скудетото, иако има уште многу да се игра до крајот на сезоната.

За Елмас многумина велат дека е нов лидер по заминувањето на легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев.

„Пандев беше успешен каде што играше, освои сè и не може да се споредуваме. Нормално дека сум почестен и навивачите ме гледаат како нов лидер. Во националниот тим имаме одлична група со важни фудбалери“, кажа Елмас.