Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас повторно има позитивен тест на коронавирус и нема да заигра во мечот против Грузија во групната фаза од Лигата на нации на 14 октомври.
На последните тестирања во Наполи, Елмас и Зиелински имаше позитивни тестови, па не се знае уште колку време ќе бидат надвор од фудбалските терени.
Ако Елмас беше негативен на овој тест постоеше можност да се приклучи на репрезентацијата, но сепак сите шанси и надежи кај нас паднаа во вода со денешниот нов позитивен тест.
Ова секако може да биде проблем затоа што поради повреди Ангеловски не може да смета на неколку фудбалери, а освен тоа и фудбалерите се изморени поради натпреварите во краток период.