Елмас доби 20 минути, Наполи со шест гола ја уништи Фиорентина 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи одигра неверојатен натпревар против Фиорентина и победи со убедливи 6-0. Домаќините постигнаа гол за водство по само пет минути, кога погоди Инсиње.

Потоа гостите ја преземаа иницијативата, па погодија пречка, а Оспина одбрани неверојтен шут на Рибери.

Казните за промашувањата пристигнаа преку Деме, Лозано и Зиелински (4-0). И во продолжение гостите имаа добри шанси, но не ги искористија. Инсиње зголеми на 5-0, а Политано ги постави конечните 6-0.