Елмас доби место во тимот на колото во Серија А


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол за Наполи во победата од 2-0 против Венеција и со тоа си заслужи многу пофалби.

Елмас имаше одличен настап за Наполи, па поради тоа доби и место во најдобриот тим на колото во Серија А.

Во тимот на колото се Алекс Мерет, Шкринијар, Кулибали, Бастони, Елмас, Верету, Закањи, Дибала, Абрахам, Чалханоглу и Џеко.