Елмас доби место во топ-10 млади ѕвезди на ЕП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија за првпат ќе настапи на Европското првенство (ЕП), а пред почетокот на турнирот „Дејли Мејл“ направи листа од 10 најмлади ѕвезди од кои се очекува да блеснат.

На листата со млади фудбалери се најде и македонскиот бисер Елиф Елмас, кој е еден од најталентираните играчи на Македонија.

Македонскиот репрезентативец во вчерашниот меч против Словенија постигна гол, па тоа привлече интерес од светските медиуми кои ќе го следат секој негов чекор.