Елмас договори петгодишна соработка со Лајпциг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по четири ипол години си заминува од Наполи и се сели во бундеслигашот Лајпциг.

Преговорите кои се водеа во текот на денот завршиле успешно и Елмас договорил петгодишна соработка, а Наполи од трансферот ќе добие 25 милиони евра.

Елмас во дресот на Наполи одигра 185 натпревари и притоа постигна 19 голови, а воедно го освои и Скудетото.