Елмас: Докажавме дека треба да сме на ЕП, одиме на победа и против Холандија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше еден од фудбалерите кои зборуваа на брифинот со новинарите, а тој најави дека нема да се предадат предвреме против Холандија.

Елмас сака победа против Холандија и тоа јасно го кажа, а притоа додаде дека Македонија и во првите два меча не одиграла лошо, иако остана без бодови.

„Знаеме дека мечот ќе биде тежок. Холандија можеби ќе игра и со втор тим, но нас не ни менува ништо. Одиме на победа и овој пат. Одигравме два добри меча, иако не победивме. Не може да кажам предвреме дали ќе биде отворен натпревар или не. Со Австрија и Украина докажавме дека заслужуваме да сме тука, но сепак поинаку е кога ќе овоиш три бода. Не ја губиме нашата самодоверба, иако сме тажни поради тоа што ги загубивме претходните два меча. Ќе ги поправиме грешките против Холандија“, најави Елмас.