„Елмас е момче кое може да направи – сѐ, тој е шампион!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен натпревар против Милан и со еден гол на „Сан Сиро“ му донесе победа на Наполи во големото дерби.

Елмас стана вториот македонски фудбалер кој успеал да го освои „Сан Сиро“, а по натпреварот краток коментар за нашиот репрезентативец имаше и тренерот Лучано Спалети, кој го пофали македонскиот дијамант.

„Елмас е момче кое може да направи – сѐ. Тој е шампион!“, кажа Спалети.