Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас во новата сезона во Наполи нема да го носи дресот со број 12.
Елмас доби нов број и на својот грб ќе ја носи „седумката“ која има посебна тежина затоа што до лани таа ја носеше Хозе Калјехон кој остави длабока трага во клубот од Неапол, а истиот број го имаат носено и легендите на клубот, Единсон Кавани и Езекиел Лавеци.
Овој потег на управата на италијанскиот клуб јасно дава до знаење дека во Наполи и тоа како му веруваат на нашиот Елиф Елмас кој сигурно ќе има значајна улога во тимот и следната сезона.