Елмас испрати порака до тренерот: Сакам да играм централно, но… (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас вчера за првпат доби место во стартниот состав и веднаш ја искористи шансата за да постигне гол.

Елмас погоди во 27. минута против Лече од само пет метри, но сепак тоа не му беше доволно на Наполи бидејќи Лоренцо Коломбо израмни на 1-1.

„Одигравме добро и создадовме шанси, но немавме завршница. Нема премногу време за размислување бидејќи играме на секои три дена и имаме важни натпревари. Треба да се одмориме и да се подготвиме за Лацио“, кажа Елмас.

Новинарите, исто така, го прашаа Елмас каде сака да игра на теренот.

„Сакам да играм централно, но подготвен сум да дадам сè од себе на секоја позиција“, вели Елмас.