Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се бори со леукемија, а ги воодушеви сите кога се појави на фудбалскиот терен по 40 дена поминати во болница, само за да им помогне на своите фудбалери во првиот меч од Серија А.
Голем број познати личности испратија пораки до Михајловиќ, кој храбро се бори против болеста, а се наоѓа на добар пат да се излекува откако тоа го потврди и еден познат доктор.
Поддршка до српскиот тренер испрати и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој летово се пресели во редовите на Наполи.
Елмас објави фотографија поврзана со српскиот тренер на Инстаграм.