„Елмас ја доби капитенската лента – тоа е доказ дека останува во Наполи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Наполи пред три години за 16 милиони евра, а во дуелот против Јуве Стабија конечно ја доби и капитенската лента, па така тренерот Лучано Спалети порача дека тој не е на продажба.

Милан беше заинтересиран за услугите на Елмас, а потоа со потписот на македонскиот фудбалер се поврзуваа и Манчестер јунајтед и Евертон, но Наполи не го пушти да замине.

„Капитенската лента за Елмас покажа дека тренерот Лучано Спалети смета дека тој е важен дел од екипата и не планира да го продаде. Елмас покажа дека има квалитет да биде важна алка во тимот, а тоа ќе биде и во иднина“, објави новинарот Џанлука Витале.