Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен меч против Спартак Москва и постигна еден гол, но сепак Наполи загуби на гостувањето со 1-2 во Лига Европа.
Елмас имаше неколку одлични шанси кон голот на руската екипа, но голманот Александр Селиков беше многу добар на гол-линијата и успеа да му ги одбрани, освен во 64. минута кога Наполи го постигна единствениот погодок на дуелот.
Претходно два гола во мрежата на Наполи постигна Александер Соболев, а тие му беа доволни на Спартак Москва да освои три бода и така да го преземе првото место од Наполи во групата.