Елмас ќе биде стартер против Милан на „Сан Сиро“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан вечерва игра големо дерби против Наполи, во кое ќе се обиде да ја прекине лошата серија и конечно да тргне кон врвот затоа што имаше очаен старт на новата сезона.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас очигледно ќе добие шанса во екипата, а според зборовите на тренерот Карло Анчелоти, тој ќе биде стартер во дуелот на „Сан Сиро“.

Наполи веќе пет меча во сите натпреварувања не може да победи, а првите најави се дека Елмас ќе игра на десната страна во средината на теренот, додека во тимот се очекуваат да бидат уште и Алан, Зјелиски, Руиз, Мертенс и Инсиње.

Да потсетиме, мечот помеѓу Милан и Наполи на „Сан Сиро“ се игра од 18.00 часот.