Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Виктор Осимен е повредени и ќе го пропушти дербито против Милан во Лигата на шампиони (ЛШ), а во медиумите се појавија шпекулации дека на негово место во нападот би можел да заигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Елмас, поточно, треба да игра како „лажна деветка“ против Милан, а тренерот Лучано Спалети истата тактика ја тестирал и со Квича Кварацхелија.
Македонскиот фудбалер може да игра на различни места во екипата, па останува да видиме како ќе го искористи Спалети.