Елмас му обезбеди победа на Наполи кај Аталанта (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас го почна натпреварот од клупата за резерви и на крајот стана херој за Наполи во дуелот против Аталанта (2-1).

Наполи водеше со голот на Квича Кварацкелија во 44. минута,но Аталанта во 53. минута преку Адемола Лукман израмни на 1-1.

Аталанта напаѓаше во продолжение од натпреварот, но Наполи стигна до втор гол преку Елмас во завршницата од дуелот.