Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добива голема минутажа оваа сезона во екипата на Наполи, па поради тоа не е среќен и испрати порака преку Инстаграм до неговиот тренер Лучано Спалети.
Спалети не му дава премногу шанса на Елмас на теренот, а македонскиот репрезентативец објави фотографија од клупата за резервни играчи.
„Мојата прва љубов – клупата…“, напиша Елмас и го покажа своето незадоволство, па сега на потег е тренерот Спалети.
Елмас досега одигра само 293 минути оваа сезона, а Наполи се наоѓа на втората позиција во Серија А со 23 бодови, односно еден помалку од лидерот Аталанта.