Елмас постави ултиматум: Ако не добие поголема минутажа – си оди од Наполи!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи до крајот на летниот преоден рок, доколку не му биде исполнето барањто.

Италијанските медиуми пишуваат дека Елмас побарал писмена гаранција дека ќе добие поголема минутажа во следната сезона, а ако не се случи тоа, тогаш Македонецот ќе си ја бара среќата на друго место.

Елмас не побарал трансфер, но ако не му бидат гарантирани условите за поголема минутажа, тогаш активно ќе бара нов клуб за неговата иднина.

Македонскиот фудбалер пристигна во Неапол во 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра.