Елмас: Сакам да ѝ помогнам на Македонија и без да играм против Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не може да настапи за Македонија во мечот против Италија во полуфиналето на баражот за Мундијалот во Катар.

Жолтиот картон против Исланд скапо го чинеше младиот фудбалер, кој ќе мора да го гледа мечот против Италија од трибините, но кажа дека сака да ѝ помогне на Македонија, иако нема да игра.

„Можам да помогнам и без да сум на теренот. Ја знам тактиката на Италијанците, некои од нив играат со мене во Наполи. Одењето на Мундијалот би било нешто најголемо во историјата на Македонија“, вели Елмас.