Елмас: Се надевам дека Реал Мадрид нема да има мир против нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас заедно со Лајпциг вечерва ќе се соочи против Реал Мадрид во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).

Елмас неодамна пристигна во Лајпциг, но верува дека бундеслигашот има шанси да го елиминира поранешниот европски шампион.

„Реал секогаш е фаворит, а ние имаме задача да го запреме. Во фудбалот постојат големи изненадувања, па не гледам зошто и сега не би било така. Ќе дадеме сè од себе и се надевам дека Реал нема да има ниту пет минути мир против нас“, кажа Елмас.

Македонскиот фудбалер се пресели во Лајпциг од Наполи во јануарскиот преоден рок за сума од 25 милиони евра.