Елмас се враќа во Турција, но во најжестокиот ривал на Фенербахче!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турските медиуми повторно пишуваат дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Наполи и ќе се врати во Турција, каде што претходно настапуваше за Фенербахче.

Како што се шпекулираше и пред некое време, повторно медиумите го селат Елмас на позајмица во турскиот гигант Галатасарај.

Сепак, тоа нема толку едноставно да се реализира затоа што многу зависи од условите кои ќе ги понуди турскиот тим, односно колку голем дел од платата ќе се согласи да му исплаќа на македонскиот фудбалер.

Освен Галатасарај, во игра за потписот на Елмас бил и Трабзонспор, но очигледно Галатасарај има предност во преговорите со Наполи.