Елмас со асистенција му помогна на Наполи да ремизира против Барселона 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи одигра 1-1 на гостувањето на „Камп Ноу“ против Барселона во првиот меч од нокаут-фазата во Лига Европа, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше еден од најдобрите на теренот.

Елмас го посрамоти Жорди Алба, по што му асистираше на Пјотр Зиелински за предност од 1-0 на Наполи во Каталонија, но Барселона по пенал израмни на 1-1, а стрелец на погодокот беше Феран Торес.

Македонскиот дијамант остана на теренот до 85. Минута, по што беше заменет од страна на Марко Руи.

Шериф Тираспол славеше против Брага со 2-0 на домашен терен, а цел меч на теренот го помина македонскиот фудбалер Бобан Николов.