Елмас со Наполи избори четвртфинале, Реал Мадрид го совлада Ливерпул (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи славеше со 3-0 во реваншот против Ајнтрахт Франкфурт, додека Реал Мадрид со 1-0 беше подобар од Ливерпул.

Осимен го постигна првиот гол во 47. минута за Наполи, а потоа зголеми на 2-0 во 53. минута, додека конечните 3-0 ги постави Зиелински во продолжение од средбата. Елиф Елмас доби шанса на теренот во завршницата, откако влезе на местото на Кварацхелија.

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Ливерпул, а голот беше дело на Карим Бензема во 79. минута.