Елмас: Три месеци мислам на ЕП, сакаме да ја поминеме групата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија летово за првпат ќе настапи на Европското првенство (ЕП), а репрезентативците ги почнаа подготовките за големиот турнир.

Изјава за медиумите даде македонскиот фудбалер Елиф Елмас, кој кажа какви очекувања има од ЕП.

„Три месеци размислувам за Европското првенство. Тоа е сон на секој играч, постои трема, но ако нема трема, нема да има ниту успех. Чувството е прекрасно затоа што знаеме што направивме до сега, но продолжуваме напорно со работа. Сите тука и ние играчите и селекторот сонуваме за поголеми успеси. И пред Грузија кажав дека не се задоволуваме со еден пласман на Европското, јас и уште неколку помлади играчи игравме на младинското Евро, дојдовме тука за заедно да си помогнеме со поискусните“, вели Елмас.

Елмас смета дека Македонија може да ја мине групата.

„Кога ќе видиш дека ти си дел од нешто што го краси цел народ, тоа те прави уште повеќе горд. Ако јас се прашувам Македонија може да направи големи работи на Европското првенство, покажавме и во претходните квалификации дека можеме да играме со силни селекции, сепак Европското првенство е нешто поинаку. Сакаме да покажеме дека не сме случајно таму и дека не одиме само да прошетаме. Секогаш сум оптимист, одиме таму сите заедно да ја поминеме групата“, порача Елмас.