Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Наполи во јануари и ќе се пресели во Бенфика, која покажа интерес за него.
Бенфика во јануари ќе испрати понуда за Елмас, а тој е голема желба на тренерот на португалската екипа, Жорж Жесус.
Елмас не добива преголема минутажа во екипата на Наполи, па Бенфика сака да ја искористи својата шанса и да го ангажира фудбалерот на позајмица, иако не е исклучена можноста и за трансфер.
Елмас во август потпиша нов договор со Наполи до 2025 година, но сезонава под водство на тренерот Џенаро Гатузо, македонскиот фудбалер настапи седум пати во Серија А и постигна само еден погодок.
Eljif Elmas na rota do Benfica.
— Diário de Transferências (@DTransferencias) December 7, 2020
Segundo a @tvi24pt, o Benfica está interessado no médio de 21 anos.
O atleta tem contrato com o Napoli até Junho de 2025. pic.twitter.com/b4ful368Nq