Елмас во топ-5 голови на Наполи за 2022 година (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи се наоѓа на лидерската позиција во Серија А по 15 одиграни кола, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично кога ќе добие шанса од тренерот Лучано Спалети.

Елмас најчесто ги почнува дуелите од клупата за резервни фудбалери, но тоа не го спречи да постигне три гола и една асистенција оваа сезона.

Еден од головите на Елмас беше избран во топ-5 најубави за 2022 година, а истиот беше постигнат против Удинезе.

Покрај Елмас, на листата со стрелци има место за Кварацхелија, Симеоне, Осимен и Зиелински.