Емери даде одговор на шпекулациите кои го поврзуваа Мурињо со клупата на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Унаи Емери одлучи јавно да прозбори за шпекулациите кои го поврзуваа Жозе Мурињо со тренерската работа во Арсенал.

ВО јавноста се појавија информации дека еден од првите луѓе на Арсенал, Раул Санлехи вечерал со Жозе Мурињо и наводно му понудил да биде нов тренер на клубот. На тие медиумски написи, Унаи Емери само кратко одговори:

„Јас сум тренерот на Арсенал“ –отфрлајќи секаква можност тој да замине од клубот во скоро време.