Емери добива квалитетно засилување: Арсенал на чекор до потпис со бразилската сензација


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Вилфред Заха сакаше да замине од Кристал Палас, сепак цената која ја бараа беше 80 милиони евра, а тоа е премногу за Арсенал, кој едноставно нема пари да го плати.

Поради тоа, „топчиите“ тргнуваат кон алтернатива, па ќе вложат околу 40 милиони евра во Евертон Соареш од Гремио.

Бразилецот одигра одлично на Копа Америка, па привлече големо внимание во отсуство на Нејмар, кој го сакаше Милан уште минатата зима, но немаа доволно пари за да го купат.

Сега во игра е трансфер од 40 милиони евра во Арсенал, па фудаблерот би бил второ засилување за клубот по сонародникот Мартинели, кој стигна за шест милиони евра од Итуана.