Емери е минато: Арсенал ангажира поранешен тренер на Барселона?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Унај Емери се наоѓа пред отказ, откако запиша уште еден пораз со Арсенал, па сега е далеку од топ-4 во Премиерлигата и поради тоа управата и навивачите не се воопшто задоволни.

Арсенал доби само две од последните десет меча во Премиерлигата, а по синоќешниот пораз од Лестер, „топчиите“ се на праг да добијат нов тренер.

Лондонскиот клуб во моментов води преговори со Луис Енрике, откако Жозе Мурињо отпадна од конкуренција.

Поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор е надвор од работата по семејната трагедија, кога почина неговата ќерка, но сака да се врати на работа.

Во минатото Челси го посакуваше Енрике, но по заминувањето од Барселона, амбиција му е да работи во Премиерлига и наводно е блиску до договор со Арсенал.