Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал на крајот на сезоната ќе остане без важен играч во плановите на Унаи Емери, во прашање е Арон Ремзи.
Велшанецот ќе тргне кон Торино бидејќи веќе потпиша преддоговор со Јувентус, но „Топчиите“ на големо работат на неговата замена.
Англиските медиуми тврдат дека на мета на Арсенал е Џоан Џордан, играчот за врска на Ејбар.
Шпанецот има 24 години и игра на позицијата централен играч за врска, пред Ејбар настапуваше за Еспањол и Валјадолид.
Оваа сезона просто експлодира во екипата, Џоран на 27 натпревари во Примера постигна три и асистираше во четири погодоци и така ги привлече вниманието на Англичанецот.
Она што би можело да биде и олеснителна околност е откупната клаузула во износ од 15 милиони евра во договорот кој трае до летото 2020. година.
Кпувањето секако е стратегија за намалувањето на трошоците на „Емирати“ бидејќи се најавуваат и заминувања на некои играчи кои скапо се платени, конкретно Месјут Озил.