Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо нема да ја добие работата во Арсенал, ако може да им се верува на англиските медиуми. Португалецот имал разговор со раководството, но три причини пресудиле за одлуката на клубот.
Првата е фактот што Мурињо важи за дефанзивен тренер, а Арсенал сака да продолжи офанзивно, па Португалецот не би бил добар избор за таква тактичка поставеност на екипата.
Втора причина е проблемот, кој Мурињо го има со медиумите, односно се плашат дека би можела јавноста да се сврти против Арсенал и да направи дополнителен притисок.
И трета причина е структурата на клубот. Во Арсенал улогите се поделени и Мурињо нема да има директно влијание на ангажирање на фудбалери, а тоа му создава проблеми.