Емери „удри“ по некои од своите поранешни играчи: Некои фудбалери сакаа повеќе отколку што можеа и….


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Унаи Емери не издржа многу како предводник на Арсенал, па доби отказ оваа сезона по лошиот старт на натпреварувањео.

Шпанецот во едно од своите последни интервјуа истакна дека тргнале добро со Арсенал, меѓутоа откако загубил дел од клучните играчи не успеале да се издигнат ниво погоре оваа сезона.

„Арсенал беше во надолна линија пред две години пред моето доаѓање. Го запревме тој пад и почнавме да градиме тим со кој дојдовме до финалето на Лига Европа и петтото место во Премиер лигата. Имавме само еден бод помалку од Тотенхем и покрај фактот дека во последните пет натпревари во сезоната освоивме еден бод. Бевме на чекор до местата кои водат во Лигата на шампионите, но на крај се тргна наопаку. Мислам дека сезоната беше добра и сакавме да продолжиме да напредуваме. За следната сезона ги изгубивме Кошчелни, Чех, Ремзи и Монреал. Тоа се играчи кои ни недостасуваа на почетокот на сезоната, а некои од главните играчи доаѓаа да бараат многу повеќе од тоа што го нудеа и што можеа“ –изјави Емери.