Емери во личен контакт со играч на ПСЖ, трансферот возможен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Франција пренесуваат дека стратегот на Арсенал, Унаи Емери веќе неколку недели лично контактира со десниот бек на ПСЖ, Томас Меуние.

Меуние одигра најдобро во дресот на ПСЖ токму под водство на Унаи Емери кој планира да ја засили десната бековска позиција.

За белгискиот репрезентативец има сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед каде се бара стабилно решение на десен бек. Во моментов Солскјер како опција ги има Диого Далот, Ешли Јанг и Тимоти Фосу Менза.