Еминентниот „ЕСПН“ пренесува: Манчестер Јунајтед во лов на фудбалер на Бенфика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го посочил младиот фудбалер на Бенфика, Флорентино Луис како опција за средината на теренот.

„ЕСПН“ пишува дека Оле Гунар Солскјер бил задоволен од тоа што го видел од Луис, а неговиот агент Бруно Карваљо Сантош веќе се сретнал со претставници на Манчестер Јунајтед во јануари.

Луис има договор со Бенфика до 2024 година, а за него има интерес од неколку европски тимови меѓу кои и Милан, Реал Бетис, Баер Леверкузен и Лидс Јунајтед.

20 годишниот фудбалер оваа сезона во дресот на Бенфика има одиграно 15 натпревари, а негова примарна позиција е последен играч за врска.