Емотивна ноќ и скршено срце: Млад играч на Рома се расплака по дербито!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лацио го доби градското дерби во Рим против Рома со 3-2. Домаќините одлично го отворија мечот и погодија преку Милинковиќ-Савиќ и Педро, додека Рома се врати преку Ибанез (1-2). Потоа „небесно-сините“ погодија за 3-1, а во 69. минута „волчицата“ стрелаше за 2-3.

Рома до самиот крај се обидуваше да освои бод, но Лацио ја зачува својата мрежа, а по натпреварот во центар на внимание беше младиот Никола Залевски на кој Жозе Мурињо му даде шанса во самата завршница.

Но, по завршувањето на мечот 19-годишниот Полјако се расплака, додека останатите соиграчи од Рома се обидуваа да го утешат.

Италијанските медиуми потоа објавија дека Залевски ја одиграл средбата под големи емоции затоа што во петокот починал неговиот татко по долга и тешка битка со ракот.