Емотивна порака од навивачите на Болоња за Михајловиќ: Аплауз дадоа дури и противниците (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот терен Синиша Михајловиќ првпат пред своите навивачи се појави, откако објави дека е болен од леукемија.

Со грмогласни аплаузи и транспарент за поддршка беше пречекан Михајловиќ на стадионот, кадешто Болоња ги игра домашните натпревари.

Освен навивачите и фудбалерите на Болоња, на српскиот стратег му аплаудираа и фудбалерите на СПАЛ, додека на трибините се појави транспарент.

„За Синиша и за дресот. Ќе се бориме во секоја битка“, пишуваат италијанските медиуми.

Србинот, инаку, по влегувањето во стадионот емотивно ги поздрави своите навивачи, а потоа замина на клупата, од кадешто ја предводеше екипата до првата победа.

Да потсетиме, Болоња во првото коло одигра 1-1 на гостувањето кај Верона.