Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На самиот почеток на „Адриа Тур“ претходеше емотивна средба на Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот Дражен Петровиќ и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Првиот тенисер во светот ја поздрави мајката н прерано починатиот кошаркарски Моцарт, па тие при емотивната средба разменија подароци.
Ѓоковиќ од неа доби дрес на Дражен, додека тој на Бисерка ѝ подари тениски рекет.
„Ова е многу емотивен момент. Ви благодарам госпоѓо Петровиќ што ни покажавте голема чест и задоволство. Ви благодарам на прекрасните подароци, ќе ги чувам на посебно место во својот дом. Дражен е легенда на целиот регион. Тој е почитувам и во Америка и секаде низ светот“, кажа Ѓоковиќ.