Емотивна сцена: Има 85 години, навива за Реал и за првпат влезе на „Бернабеу“ (Видео)


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Реал Мадрид минатиот викенд славеше со 2-1 против Хетафе, а јунак повторно беше Џуд Белингам. Но, главна тема на мечот беше 85-годишен навивач кој за првпат во животот го посетил „Сантијаго Бернабеу“.

Мигел е страсен навивач на „кралевите“ и од дете ги следи настапите на тимот, но поради животни проблеми никогаш не успеал да го посети стадионот на Реал Мадрид.

Неговата внука решила да го изненади и да го донесе на стадионот, а тоа го снимаше и го објави на социјалните мрежи.