Емотивниот Донарума нагласи една важна работа по финалето на ЕП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италија на пенали ја совлада Англија и по вторпат во историјата стана европски шампион. Италијанците беа подобри при ударите од белата точка, а јунак беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој одбрани два пенали.

Донарума бранеше одлично во текот на целиот турнир и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на првенството.

По големиот резултат како тим и индивидуалец, Донарума го совладаа емоциите, а со изјава кажа што мисли за неверојатниот успех.

„Ова што го направивме е неверојатно. Не застанавме ниту милиметар. Знаеме од каде тргнавме, ние сме одличен тим и го заслуживме ова. Да не беа моите соиграчи, немаше да ја добијам оваа награда. Фудбалот е тимска игра, а ние сме одлична екипа. Извинете за солзите, но ова е момент кој цел живот ќе го паметам“, кажа Донарума.